Шпанскиот актер Антонио Бандарес објави дека е позитивен на Ковид-19.
Бандерас, кој лошите вести ги објави на денот кога полни 60 години, на твитер напиша дека е се чуветсвува добро, но дека е принуден роденденот да го прослави во карантин.
Сакам да кажам дека сум релативно добро, само малку поуморен од вообичаено, но уверен сум дека, следејќи ги препораките на медицинските лица, многу брзо ќе се опоравам од овој вирус кој погоди толку многу луѓе на планетата. Ќе ја искористам оваа изолација за да читам, пишувам и да одморам. Ќе продолжам да правам планови како да им дадам на значење на овие мои 60 години, кои ги пречекав со голема радост – напиша шпанскиот актер со богата холивудска кариера.
Quiero contaros lo siguiente… pic.twitter.com/u579iBVLM0
— Antonio Banderas (@antoniobanderas) August 10, 2020
Бандерас лани доби награда за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал за улогата во „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, а имаше и номинација за Оскар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.