Познатиот шпански актер, Антонио Бандерас, по 21 ден ја доби битката со Ковид-19.

Добрата вест Бандерас ја објави на својот Инстаграм профил.

По 21 ден на дисциплинирана изолација можам да кажам дека ја победив коронавирусната инфекција. Јас сум излечен. Мислите ми се со оние кои не биле толку среќни колку што сум бил јас и со оние кои претрпеа повеќе од мене. Им посакувам сила и на оние што се во „битка“ – напиша актерот.

Бандерас откри дека е позитивен на корона ворусот на неговиот 60 роденден.

Сакам да објавам дека сум присилен да го прославам 60-тиот роденден во карантин, затоа што сум позитивен на Ковид-19. Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно побрзо – напиша Бандерас во таа пригода.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.