Славниот актер Расел Кроу минува низ многу тешки моменти. Имено, неговиот татко Џон Александар Кроу почина на 85-годишна возраст, само неколку недели откако го прослави својот роденден. Кроу почина во авион.

Лекар и членови на екипажот се обиделе да го реанимираат 85-годишникот за време на летот од Сиднеј до пристаништето Кофс, но немало спас.

Го реанимираа којзнае колку време … веројатно околу 20 минути. Тие неуморно се обидуваа да го спасат дури и кога авионот веќе слета, изјави еден од патниците.

Кога тажната вест стигнала до актерот, тој веднаш ја објави на Twitter, пишувајќи: „Иако сонцето сјае и силниот дожд бледнее, овој датум засекогаш ќе биде обоен од тага. Мојот драг татко, мојот прекрасен татко, најнежниот човек, почина.

Ова го објавувам затоа што знам дека има насекаде низ светот чии срца ги допре и чии ребра ги скокотна со сјајните очи и арогантниот однос кон секого и сè, и веројатно ова е ефикасен метод за пренесување вести како и сите други“, додаде Кроу.

Заедно со веста, тој ги цитираше датумот и местото на раѓање на неговиот татко, заклучувајќи го постот со „почивај во мир“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.