Актерот Двејн Џонсон, познат како „Карпата“, објави дека тој, сопругата Лорен (35) и ќерките Јасмин (4) и Тијана (2) го преболеле корона вирусот.

Џонсон вели дека ги испочитувале сите пропишани мерки, но сепак се заразиле, нешто што ги изненадило.

Позитивните тестови беа вистински шок. Сега завршивме со тоа и веќе не сме заразени. Му благодарам на Господ, здрави сме – вели 48-годишниот актер во видео објавено на социјалните мрежи.

Џонсон и неговото семејство дознале за позитивниот тест пред две и пол недели, а се заразиле од блиски семејни пријатели, кои дури и не знаеле дека имаат корона вирус.

Можам да ви кажам дека ова беше една од најпредизвикувачките и најтешките работи низ кои моравме да поминеме како семејство – вели Џонсон.

Тој објаснува дека корона вирусот е многу поразличен од другите болести.

Мојот приоритет отсекогаш бил да го заштитам моето семејство. Благодарни сме што сме здрави сега, иако не секогаш луѓето се излекуваат. Ме збунува тоа што некои луѓе, вклучително и политичарите, ќе ја прифатат идејата да носат маска и ќе ја направат дел од политичката агенда. Тоа нема никаква врска со политиката. Носете ја вашата маска. Тоа е факт и вистинската работа што треба да ја направите – вели актерот.

https://www.instagram.com/tv/CEppiNRlpvs/?utm_source=ig_embed



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.