Јужнокорејската актерка Сонг Јо-џунг починала на 26 годишна возраст. Сонг починала на 23 јануари, а во согласност со желбите на нејзиното семејство, погребот се одржал во тајност, а веста за нејзината смрт е објавена по неговото завршување, објавија светските медиуми.

Актерката починала во нејзиниот дом, но не се наведуваат причините за смртта, осве.

Актерката Сонг Јо-џунг само што не напушти. Таа беше пријател кој секогаш ни даваше среќа со светла насмевка и одлична актерка со поголемa страст од кого било – се вели во соопштението на нејзината агенцијата.

Сонг дебитираше во 2013 година како модел за козметичката компанија „Estée Lauder“. Истата година глумеше во ТВ драмата „Златно виножито“, а доби и споредни улоги во уште две серии во 2014 и 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.