Последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд конечно ја дочека својата светска премиера во Лондон, 18 месеци подоцна од планираното, бидејќи беше одложен од пандемијата на коронавирусот.

„Нема време за умирање“ (No Time To Die) е петтиот и воедно последен филм на британскиот актер во кој го глумеше тајниот агент 007.

Говорејќи за Би-би -си Радио 5 во живо на црвениот тепих, тој рече дека улогата е „неверојатно важна за историјата на кинематографијата, а тежината на тоа веќе извесно време е на мојот грб“.

Имав неверојатно среќа, додаде тој.

Со овој филм, Даниел Крег се збогува со улогата на Џејмс Бонд. Се појави на црвениот тепих во розово палто, бела кошула и црни панталони. Актерките Леа Сејду, Ана де Армас, Лашана Линч и Наоми Харис одеа покрај Крег.

Датумот на премиерата беше одложуван трипати поради пандемијата на коронавирусот.

Наоми Харис, која ја игра соработничката на Бонд, Манипени, рече дека ова е „емотивна ноќ“, бидејќи Крег последен пат се појави како агент 007.

Навистина се надевам дека повторно ќе ги привлече луѓето во кината и дека ќе се чувствуваат удобно, бидејќи ова е посебен филм, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.