И овој јануари како и претходните од 2000 година ќе остане меѓу најтажните за фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство.

Секоја година таа и своите деца на 15 јануари се присетуваат на убиството на нивниот сопруг и татко Аркан кој на тој датум во хотелот Интерконтинентал беше крвнички убиен.

Таа секоја година на овој датум го посетува гробот и се сеќаваат на овој трагичен ден. „Интерконтинентал го сметам дека е гробно место на мојот сопруг и никогаш нема да го посетам тој хотел ниту јас ниту моето семејство. Тоа е црн јануари“ – изјавила Цеца за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.