Поранешниот сопруг на пејачката Гоца Тржан, кој стана редовен учесник на реалните шоуа наскоро ќе се најде на суд. Гоца и нејзиниот сегашен сопруг Раша го тужат Маринковиќ затоа што неодама во шоуто рекол дека Раша е хомосексуалец поради што тој и таа не можат да имаат деца. Гоца се најде многу навредена, а уште понавреден е самиот Раша, кој тврди дека поради оваа изјава на Иван, изгубил добра работа.

Да, вистина е дека ми стегнале тужба, па сега мораме да се влечкаме по судовите. Само и јас имам што да кажам за Раша, за Гоца, која ми го уништи животот, па да не биде обратно, јас да им стегнам контратужба, изјавил Иван.

Пејачката Гоца, со Иван ја има ќерката Лена, вели дека со Раша немаат деца зашто нејзиниот сопруг има здравствени проблеми, слабо подвижни сперматозоиди поради што ќе одела на вештачко оплодување.

Мојот маж е маж, вистински мачо, тој не е геј, единстевно што има здравствен проблем, но јас си го сакам.А, оној предходниот, тој Иван допрво скапо ќе си ја плати глупавата изјава, констатирала Гоца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.