Актерката Катарина Радивојевиќ, која ѝ е позната на балканската публика по улогата во филмот „Зона Замфирова“, ги шокира претставниците на седмата сила појавувајќи се на отворањето на еден фенси белградски локал во фустан за на плажа, папучи и плетена торба.


Имено, додека преостанатите дами биле скоцкани од глава до петици, популарната Зоне прошетала покрај нив како да оди на плажа или на пазар. Актерката ја критикуваа и на сметка на стомачето што ѝ се наѕираше под тенкиот фустан, така што многумина коментираат дека во Америка, каде што живее и снима, дефинитивно се запустила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.