Една од најпопуларните балкански пејачки Светлана Цеца Ражнартовиќ никогаш не ги отвора вратите на својот скапоцен дом за медиумите, но благодарение на објавите на социјалните мрежи, може да ѕирне во луксузот во кој живее нејзиното семејство.
Куќата на Цеца секогаш привлекува внимание. Практиќчно нема жител на Белград кој не знае каде е вилата на Ражнатовиќ, а своевремено пејачката доби понуда нејзиниот дом да стане туристичка локација, што таа го одби.
Сепак, благодарение на социјалните мрежи, обожавателите на Цеца можат да видат каков гламур ја опкружува во нејзиното секојдневие. И пејачката и нејзината ќерка Анастасија често споделуваат фотографии направени дома, па на тие фотографии може да се види дека секој детал зрачи со елеганција.
Прозорците се претежно врамени со тешки драперии, а масите се скапи, масивни и изработени од цврсто дрво, додека доминантната боја е кафеава, во разни нијанси. Сепак, кремските тонови се исто така широко застапени, и интересно е што нема монотоно и здодевно катче: ако има часовник на масата – тој е златен, интересно обликуван и внимателно изработен, и ако видиме стол на фотографијата – се карактеризира со интересни детали.
Забележливо е дека Цеца претежно избира златна боја и бакарни тонови за украси, а многу сака свеќи и рамки.
Инаку, во оваа катна зграда има мермерно скалило и столбови, а пред неколку месеци во куќата е изграден приватен базен и простор за масажа, така што уживањето и релаксацијата во домот на семејството Ражнатовиќ е загарантирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.