По вчерашната вест дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и препорачаа на Владата сите мерки да останат исти и да нема отворање на локалите, се јави и Здружението на естрадни уметници со свој став.
Од таму ги информирале сите музичари дека е поднесено официјално барање до Владата, да изнајде решение за помош на најзагрозените припадници на музичката бранша.
Факт е дека сите сме оштетени од оваа криза и тоа никој нема да ни го компензира. Некои од нас се вработени или осигурани по некоја основа, или имаат некаква заштеда, но најголемиот број немаат никаква заштеда! За жал има колеги кои се егзистенцијално загрозени. Зависно од реакцијата на Владата за начинот и обемот на помошта ќе треба да се направи евиденција на оние на кои помошта им е најнеопходна. Во писмото исто така е побарано од државата по завршувањето на оваа криза во соработка со ЗЕУМ да започне процес на легализација на естрадната дејност. Штом ќе бидат одобрени јавни собири здружението ќе свика собрание на кое треба да донесеме важни одлуки – пишува во соопштението од страна на ЗЕУМ кое од вчера го споделуваат голем број на наши музичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.