Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац еден месец пред смртта напишал тестамент. Се што има, наводно ѝ препишал на сопругата Емилија, пишува Информер. Тозовац инсистирал да склопи граѓански брак, а после тоа и официјално да ѝ го остави својот имот.
-На почетокот од годината ѝ рече на жената дека е прашање уште колку ќе живее и затоа мора да напише тестамент. Емилија се нервирала што го зборува тоа. Му велела дека е рано за тоа. Тој сам ја повикал адвокатката и се завршило непосредно пред неговата смрт. И рекол на жена му и нејзината ќерка Сања, која ја сакал како свое дете, дека негова желба е да им остави се нив. Барал од нив да се грижи за недвижностите кои им ги остава и да не продаваат се што стекнал. Сања се расплакала и рекла дека неа ѝ е најважно да бидат заедно, рекол изворот.
Кумот на пејачот Рале Ранѓеловиќ потврдил дека Тозовац се им оставил на сопругата и нејзината ќерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.