Лоти Мос, помалата сестра на познатата британска топ-моделка Кејт Мос, одбра малку поинаков пат кон славата. 23-годишната Лоти, вели дека се чувствува покомотно кога споделува разголени фотографии, отколку да работи како модел за големите модни брендови.
Таквата одлука и носи голем успех со нејзиниот профил на платформата „Онли фанс“ (OnlyFans) преку кој заработува и до 80.000 евра месечно.
Лоти вели дека се чувствува покомотно кога објавува свои разголени фотографии за пари затоа што тоа и овозможува да биде гола и пијана на работното место.
Некои од членовите на моето семејство не се среќни поради тоа што го правам, но уживам во животот во Лос Анџелес. Среќна сум како што не сум била долго време. Уживам што се чувствувам добро самата со себе. Ако самите не можете да се сакате, тогаш никој нема да го може тоа за вас – вели Лоти.
Таа објаснува дека често е засрамена кога ќе некому дека е модел.
Имам чувство дека многу луѓе, кога ќе им кажете тоа, мислат дека сте глупава или дека сте анорексична. Си ја сакам својата работа и никогаш не сум имала никави проблеми, никогаш не сум имала нарушување на исхраната или нешто слично. Понекогаш станувам толку слаба што си велам дека треба да јадам повеќе, додека некогаш качувам килажа па си велам да намалам со јадење. Но, не се грижам премногу да одржувам некаква „совршена“ линија. Во денешно време имате можност и ако имате интересен карактер, можете да правите буквално што сакате – вели Лоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.