Автомобил од марката „Форд Фиеста“ во сопственост на српската пејачка Гоца Божиновска излетал од патот, удрил во електричен столб и се запалил.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот, а на лице место е ангажирана полицијата и пожарникарите.

Утврдено е дека возачот избегал од самото место пред да дојде полицијата и пожарникарите, а истрагата е во тек.

Пејачката за српски „Телеграф“, вели дека нејзиниот син ја позајмил колата на негов близок пријател кој ја возел колата за време на несреќата.

Иако естрадата е во паника мислејќи дека пејачката била внатре, сепак таа потврди дека за среќа ни тааа ниту некој друг е повреден од нејзиното семејство, а се уште не се знае што се случува со возачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.