Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева нагласува во интервју за бугарскиот „24 Часа“ дека нејзиниот став за Скопје, нема никаква врска со изборите.
-Имаме Договор од 2017 година што не се спроведува, рамковна позиција на Владата и едногласно усвоена декларација од Парламентот. Во Република Македонија го знаат мислењето на сите бугарски партии и народот – 83,8 отсто од граѓаните не се согласуваат да ја поддржат Pепублика Македонија за членство во ЕУ се додека не се постигне договор за фактите за историското минато на Бугарија, смета Захариева.
Таа тврди дека неодамнешните постапки на властите во Скопје не даваат многу причини за оптимизам.
-Нивниот кандидат за Евровизија доби повеќе од 400 закани по животот затоа што рече дека имал и бугарско државјанство…Се уште немаме објаснувања од Скопје и зошто нашето Министерство за надворешни работи треба да побара дозвола за увоз на бугарски книги, изјави бугарската министерка за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.