Пејачката Лепа Брена не ја крие радоста дека нејзиниот посинок Филип стана татко. Во изјава за Блиц Брена рекла дека е одушевена од добрата вест, па еуфорично прознала како се чувствува.

Сите сме пресреќни. Го чекавме со нетрпение секој ден. Добро ни дојде, Александар, рекла Брена, а потоа на социјалните мрежи ја споделила најсоодветната фотографија, на која тааа, Филип и снаата Александра наздравуваат прегрнати.

Ни пристигна Александар. Радост, љубов, среќа. Честитки на Александара и Филип, напишала бабата на најмладиот Живоиновиќ.

Претходно на среќните родители им честита и мајката на Филип, Зорица Накиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.