Според регионалните медиуми, најпознатата српска блогерка и инфлуенсерка Зорана Јовановиќ – Зоранах речиси една година ужива во врската со репрезентативецот на Македонија, Бобан Николов, кој моментално игра за унгарски клуб.
Зорана и фудбалерот Бобан Николов се во врска од февруари минатата година, а се запознале во заедничко друштво, пред самиот почеток на пандемијата, пишува „Курир“. Како што се наведува, таа го посетила неколку пати во Будимпешта, по завршувањето на карантинот во Србија и кога епидемиолошката состојба го дозволила тоа, што и самата го потврди тоа во едно од своите видеа на крајот на октомври 2020 година.
Бев во Будимпешта три дена на шопинг, рече Зорана во едно од нејзините видеа.
View this post on Instagram
Сепак, во последните денови од 2020 година, парот започна да се експонира на социјалните мрежи. Имено, на една од фотографиите што ги објави блогерката, во коментарите, Николов ѝ напиша срце, на што и таа одговори со срце.
А на последниот ден од 2020та година, таа објави фотографија на Инстаграм каде ја гушка мистериозен маж. Неговото лице не беше видливо, но ако се спореди со Бобан, може да се види дека раката му припаѓа на фудбалерот. Часовникот и дуксерот на човекот од фотографијата на Зорана се исти како оние на сликата што фудбалерот ја објави на Инстаграм претходниот ден.
View this post on Instagram
Ова, како што понатаму се наведува, го потврдил и колегата на Зорана, блогер, кој побарал да не се споменува неговото име.
Информациите се точни, тие се заедно откако започна оваа ситуација со вирусот. Неколку пати со него одеше во Унгарија на неколку дена. Во нашето друштво, таа не го крие тоа, ни покажа слики на мене и на моите пријатели, неодамна, кога снимавме неколку влогови заедно за нашите канали на YouTube. Таа е многу среќна и не го крие тоа, но поради медиумите не сака да зборува за тоа во јавноста, открива пријателот на Зорана за споменатите медиуми.
Бобан, пак, пред некој ден на својот Инстаграм објави фотографија од станот на Зорана, на која во рацете го држи нејзиното куче Аспен, а покрај сликата напиша „Вистинска љубов“. Слична таква фотографија објави и Зорана.
Бобан и Зорана ја немаат потврдено официјално веста за нивната врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.