Александра Пријовиќ ја почнала пејачката кариера пред 8 години, во „Ѕвездите на Гранд“. Почетната популарност ѝ донела многу тезгу, па искуството го калела и со настапи на приватни веселби, свадби, дискотеки…

Но, откако почнала врска со Филип, Пријовиќ продолжила да настапува по приватни забави низ Европа, по дискотеки, но не и по ромски свадвне само што престанала да настапува на доходовните приватни ромски веселби, ами побарала од соработниците да ги тргнаат од Јутјуб снимките за да нема трага од тој период од нејзиниот пат кон ѕвездите.

Се работи за видеата што на Јутјуб ги поставил хармоникашот Борко Радивоевиќ, кој ја следел тогаш на тезгите, а имаат и по неколку милиони прегледи на Јутјуб. На нив ср гледа како ја китат со евра додека пее.

Му рече на Борко да ги избрише сите снимки на кои пее на проватни забави додека ја китат со евра, зашто тоа повеќе не ѝ одговара. Му рекла: „Ќе бидам снаа на Брена, влегувам во важно семејство, морам да работам на угледот“, рекол извор упатен во проблематиката.

Тој додал дека Пријовиќ се срами од минатото, а не дека тоа му пречи на нејзиното ново семсјтво.

Филип не побарал такво нешто од неа, но ја поддржал нејзината одлука. Тој ја поддржува главно во се и полека почнува да се грижи за нејзината кариера. Доказ за тоа е што цената драстично ѝ порасна. Пред Фили земаше по 1500 евра за настап, а сега не прави муабет за помалку од 10.000 евра за вечер, вели извор за српски Курир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.