Пред околу една година фудбалерот Огњен Врањеш објави фотографии на кои пејачката Јелена Карлеуша е гола, по што јавно ја обелодени нивната афера. Оттогаш следуваше јавен линч кон неа, проблеми со сопругот Душко Тошиќ, скандал до скандал. Денеска преку „Инстаграм“ Карлеуша објави дека го пријавила во полиција поради вознемирување.

Обезбедувањето ме извести дека лицето по име Врањеш О. е видено во автомобил пред мојот дом. Поради безбедноста на моите деца, како и мојата лично, ја известив полицијата, а преку овој пат и јавноста, напиша Карлеуша.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.