Фудбалерот Огњен Врањеш и пејачката Јелена Карлеуша се уште се во жижата на јавноста поради порно скандалот во кој се најдоа, а спортистот сега ангажирал обебзедување кое во чекор го следи неговото семејство, бидејќи се плаши дека некој може да им наштети.

Имено, како што медиумите пишуваат, жената на фудбалерот Данијела Врањеш и нивната ќерка (4) по град се движат со обезбедување, бидејќи добиваат закани поради аферата за која зборува сета јавност.

На Огњен му стигнуваа закани по пат на повици и пораки, во кои непознати лица му се заканиле дека ќе му ги повредат најблиските поради деталите кои ги открива за Карлеуша. Тие времето го минуваат во Бањалука, додека не се слегне се, а откако добил закани, Огњен цело време стравува. На жена му и рекол што помалку да излегува и да води сметка за детето. Сопругата Данијела веднаш се сложила со тоа крај себе секогаш да има некој кој би и помогнал во случај некој да се обиде да им ја загрози безбеднсота, бидејќи минува низ голем стрес поради се – рекол извор близок на Врањеш.

Инаку Врањеш во моментов е во Белгија, каде отишол поради работни обврски, а порноскандалите ги проследија и тамошните медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.