Триесет и петгодишниот Алсин Левент, возачот на „маздата“ кој ја предизвика тешката несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, не се сеќавал на несреќата. Како што за германските медиуми пренесува неговиот адвокат, Турчинот е во шок и не се сеќава на ништо.

Германската полиција досега утврди дека тој бил под дејство на алкохол и немал возачка дозвола, ни германска ни турска, како и дека веројатно возел на 180 километри на час.

Бидејќи автомобилот не бил негов, полицијата се сомнева дека е украден. Покрената е истрага за потелкото на „маздата“, по што веројатно ќе следи и спрашување на сите поврзани со ова возило.

Полицијата била и на адресата која Левент ја навел како негово живеалиште, но се покажало дека станува збор за лажна адреса, место каде тој не живее, па истрагата е дополнително проширена.

Левент во понеделникот наутро бил префрлен во притвор од болницата, каде бил сместен поради полесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.