Возачот на маздата која го предизвика судирот во кој загина Шабан Шаулиќ и неговиот колега Мирсад Кулиќ, прво во полицијата тврдел дека сетот во кој се наоѓал пејачот, ја предизвикал несреќата, пренесуваат германските медиуми.
Возачот(34) кој бил под дејство на алкохол и возел без дозвола тврдел дека возачот на сеатот изгубил конторла над возилото и дека тој не можел да ја избегне препреката, па од позади удрил во нив.
При силниот удар, пишуваат германските медиуми, багажникот на малиот бел автомобил се изгужвал како хармоника, се до задното седиште. Двете возила нагло свртеле десно од колосекот и застанале едно наспроти другото после што удриле во банкината меѓу спротивните ленти.
Сепак истрагата докажала кој е виновен и тоа дека 34 годишниот маж со својата мазда 6, налетал на сеат ибицата, кој се движела пред него, и дека возилата после ударот се излизгале и удриле во банкината.
Истрагата поврдила дека возачот бил под силно дејство на алкохол и дека немал возачка дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.