Ќерката на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, Софија, напиша книга за нејзиниот татко, пренесоа српските медиуми. Оваа информација преку „Инстаграм“ ја искоментира нејзиниот полубрат, Воин, кој често знае да се расправа со останатите полубраќа и сестри.
Искрено, колку и да е жално, бидејќи го видела буквално само три пати во животот, морам да кажам дека малку ми импонира зошто сум свесен дека секогаш сум им бил трендсетер на своите браќа и сестри, напиша тој.
Воин додаде и дека „еден од браќата дури почна да навива за Партизан, а дури и почна да тренира бокс, како јас кога бев млад“, алудирајќи на Вељко.
Освен Анастасија и Вељко кои ги има од бракот со Цеца, Аркан има уште шест деца од првите две жени, три ќерки и три сина.
Од сите нив, само Ангела Ражнатовиќ, ќерката на Аркан од првиот брак, контактира со семејството на Цеца и беше единствената која дојде на свадбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.