Две водителки на емисијата „The View“ на американската телевизија ABC биле изненадени кога требало да го напуштат студиото среде емисија. Имено, пред американската потпретседателка Камала Харис, Ани Наваро и Сани Хостин да пристигне на интервјуто, им било кажано дека мора да ја напуштат програмата, бидејќи се позитивни на корона вирусот.
„Вие две ќе мора да излезете за момент“, им рекол глас зад камерата на водителките.
„Се чини дека тука се случува нешто за што не сум 100 проценти свесна. Може ли некој да ми објасни што се случува?”, прашала третата водителка, Џои Бехар, кога започнал нов блок содржина во емисијата.
Одговорот „не“ го добила со најавувањето на гостувањето на Камала Харис, која на крајот се приклучи на програмата од друго студио на Еј -Би -Си во Њујорк.
По блок реклами, гледачите можеле да видат дека Бехар и четвртата водителка Сара Хејнс се префрлени на средината на полукружната маса, додека Наваро и Хостин повеќе ги немало. Бехар тогаш објаснила што се случило.
„Бидејќи ова ќе биде главната вест во секој момент, Сани и Ана се позитивни на ковид. Колку и да се трудат, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе бидат добро, бидејќи и двете се вакцинирани“, открила Бехар.

Фото: Принтскрин/Twitter



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.