После порно скандалот и наводната афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, во медиумите кружеше приказна дека бракот на Јелена Карлеуша и е во криза и дека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ покренува документи за развод. Тие трачеви беа прекинати со семејната трагедија кога почина мајка и на Јелена, Дивна Карлеуша.
Сепак тоа не беше крај на приказните за развод кои од неодамна повторно почнаа да кружат во медиумите, иако пејачката тоа го демантираше и порача дека ништо од тоа не е вистина.
Нејзината последна објава покажува дека не и е лесно, но дека повторно се враќа во старото расположените, жена борец. Нејзината порака и фотографиите од снимањето на Ѕвездите на Гранд наидоа на огромна реакција од нејзините следбенци.
Таа крај фотографијата напиша:
Вистината е како лав. Не морате да ја браните, само пуштете ја слободно. Сама ќе се одбрани!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.