Пејачката Јелена Карлеуша со денови се наоѓа во центар на скандалот кој исплива во медиумите кога таа разменувала пораки со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, а сето тоа го откри нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. Таа сега мачи уште една мака, во која не може да и помогне ниту целиот нејзин тим.

Имено, налогот на Твитер на кој Јелена порано редовно се огласуваше е суспедниран. Таа веќе една недела не може да се избори со проблемот, а познато е дека таа на Твитер беше многу активна.

Таа во моментов прави се нејзиниот налог кој е суспендиран, да биде вратен.

Како што тврди извор упатен во целата ситуација, пејачката поради ова е многу нервозна, бидејќи таа сака нејзините ставови и мислења за што се случува да се слушнат и видат, па многу и е важно овој проблем што побрзо да биде решен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.