Српскиот актер со македонско потекло Иван Бекјарев е заразен со ковид-19 и деветти ден е во болница во Лесковац. Иако првите денови имал само температура и се чувствувал подобро, состојбата во меѓувреме му се влошила, па за српските медиуми рекол дека му е многу тешко и не знае кога ќе го пуштат дома.
Ужасно се чувствувам, не знам до кога ќе останам во болница. Не можам да зборувам, не ми е ни малку подобро, рекол популарниот Курчубиќ.
Актерот бил примен во болницата во Лесковац пред девет дена, откако добил висока температура на снимањето на филмот „Беше еднаш во Србија“. Тој имал 39.2, но температурата полека се симнала. Третиот ден за медиумите рекол дека му е подобро, не кашла и нема други симптоми, па очекува да го пуштат, но состојбата му се влошила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.