Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (46) е во емотивна врска со Богдан Срејовиќ (38) од Белград.

Кога е Цеца во прашање, станува збор за вистинска ексклузивност, особено ако се знае дека таа ретко открива детали од својот приватен живот.

Спрема зборовите на изворот блиски до парот, запознавањето се случило на роденденска забава на нејзина пријателка, а после неколку недели дружење, започнале романтична љубовна врска.

На роденденска вечер во еден ресторан во Белград се случила првата средба на Цеца и Богдан. Потоа преку заедничкиот пријател се виделе неколку пати, каде што и се родиле симпатии. Од Нова година почнале да излегуваат заедно во јавноста, каде што сведочат и папарацо слики направени во ресторан, но пред тоа парот е виден и на Јахорина.

Инаку, Богдан е долги години во угостителството и е доста успешен во својата работа. Позади себе има еден брак, разведен е скоро пет години, а ќерката Искра му е центар на светот.

По овој повод контактирана е Цеца, но на тоа таа кусо одговорила:

Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Довидување – кусо изјавила Цаца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.