Пејачот Владо Георгиев бил вратен од границата со Црна Гора, а му била врачена и одлука со која нему му се забранува влез во земјата.

Георгиев ваквата вест самиот ја сподели на својот профил на Твитер велејќи дека причините за тоа се поврзани со националноста и внатрешната безбедност.

Господа, на границата ми беше врачена одлука со која се забранува да влезам во Црна Гора! Причините се национална и внатрешна безбедност! Еве, не знам што друго да додадам … Дно на дното. На ваше здравје и на ваш образ! Напијте се, забавувајте се – напиша тој на Твитер, споделувајќи фотографии од писмената забрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.