Црногорскиот пејач Владо Георгиев, чии настапи во Скопје резултираа со воведување на нови мерки низ угостителските објекти низ Македонија, вели дека не верува во коронавирусот.

Немојте многу да верувате во оваа кампања, сè ова е малку премногу, вели Георгиев во ексклузивното интервју дадено пред концертот за „Бекстејџ“, кое ќе биде емитувано во денешното издание на емисијата.

Поради мини концертите на Георгиев во кафе-барот „Мош“, на кои беа прекршени здравствените протоколи, инспекторите поднесоа пријава против објектот, а приведен беше и управителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.