Српскиот пејач и композитор Владо Горгиев на „Твитер“ објави серија пораки во кои го искажа револтот од одлуката на српскиот Кризен штаб за задолжително носење заштитни маски и на отворено.

Дали е реално дека луѓето го трпат ова? Маски кои не заштитуваат од ништо да се носат на отворено? Наскоро ќе ви прават што ќе посакаат! – им порача пејач на своите фанови на социјалната мрежа.

Во продолжение, тој го објави и своето незадоволство од начинот на кој СЗО се справува со корона-кризата.

Кризниот штаб и сите во комплет, заедно со глобалистичките сатански го*на СЗО, можат само да дадат препорака за носење маски, но никако да наредуваат, никој нема право да издава наредби за носење маски на кои пишува дека не се соодветна заштита. СЗО ботови – СТОП – вели Георгиев во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.