Една од најпопуларните српски пејачки на народна музика и член на жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Снежана Ѓуришиќ, веќе со недели е главна тема во медиумите поради наводните љубовни афери на нејзиниот партнер Вања Милошевиќ.
Пејачката за српски „Блиц“ реши за првпат да проговори за сè а на прашањето дали допишувањето на нејзиниот партнер со други жени ја разниша нивната врска, таа вели:
Секако дека не. Љубовта која е вистинска не може ништо слично на тоа да ја разниша.
Пејачката ги демантираше и пишувањата дека таа и нејзиниот партнер раскинале.
Секој нека го носи својот крст на грбот. Што се однесува на Вања и мене, ние сме заедно и никогаш не сме имале никаков прекин, тврди Снежана.
За гласините дека преписките на „Фејсбук“ всушност му се подметанати на Вања и дека не станува збор за неговиот профил, таа одговара:
Не би коментирала, Вања е човек кој е сериозен и кој има професија и сè тоа си тече по свој тек и како што кажал Бог, рекла Ѓуришиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.