Викторија Бекам еднаш отворено зборуваше за врсничкото насилство што и се случило и истакна дека не дозволува нејзината ќерка Харпер да помине низ вакво нешто.
Според странските медиуми, таа честопати ја советува својата ќерка како да позира и да забележува ако нешто што не треба, а се случува со другите девојки од нејзината околина.
„Бев повлечена на училиште и немав многу пријатели. Сега сфаќам дека навистина претрпев насилство. Не сакам некој да се чувствува како мене во тој сигурно ранлив период, така што кога Харпер започна со училиште, имав важен разговор со неа“.
И реков: ‘Ако некогаш си на игралиште и забележиш девојка која стои сама, замоли ја да си игра со тебе, затоа што мајка ти одамна била таа девојка’. Сакав таа да го сфати тоа и не сакам никој да биде осамен кога Харпер е близу “, објасни Викторија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.