Синот на Лепа Брена, Виктор одлучи да се жени, но веселбата ќе мора да се одложи поради ситуацијата. Тој може и сега да се венча со Сандра Миљковиќ, но младиот Живојиновиќ не сака интимна венчавка, туку гала свадба. Иако планирале оваа пролет да направат голема свадбена веселба, тие ќе мора да почекаат до мај следната година.
Планираме гала свадба со 500 гости. Не има многу Живојиновиќ, така да ќе мора да бараме некој голем простор на отворено. Нема да правиме свадба се додека не смири ситуацијата. На Сандра и мене не ни пречи да чекаме, ние се однесуваме како да сме во брак, изјави Виктор за медиумите.
Тој откри како Сандра ја прифатиле во неговото семејство.
Сандра ми е поддршка во се. Семејството е воодушевено со мојот избор и имаат само пофални зборови. Убаво е кога ќе пронајдеш личност која ти одговара во се, вели Виктор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.