Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, загина на 17 февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија, а цел Балкан се уште тагува за него.

Гласот и песните на Шабан ги обожаваше цел регион, сите ги сакаа неговите незаборавени хитови кои само тој знаеше да ги испее. Кафеана не е кафена, а ниту веселба доколку не се чуе некоја негова песна.

Тага и жал за кралот на народната музика, а и шок поради загубата многумина почувствуваа. На видеото кое го објави пејачот Слободан Васиќ на Инстаграм ноќта кога почина Шабан се гледа целата болка. Имено, музичари во кафеана го свират хитот на Шаулиќ, „Жал“, а во истиот момент пејачот и пријателите сите пари кои ги имаат во себе им ги даваат како бакшиш и кршат се околу себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.