Српскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ преживе денеска преживеа срцев удар и е хоспитализиран на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде му се вградени стентови.

– Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен дома, изјавија од Институтот.

Балашевиќ требаше вечерва да настапи во Крагуевац, но е откажан концерт.

– Драги жители на Крагуевац и останатата екипо, кои вечерва требаше да дојдете на концертот… Жал ми е што Ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен, објави ќерката на Балашевиќ, Беба Балашевиќ.

Таа додаде дека „животот понекогаш прави планови без нас и се потпира на нашето разбирање и што друго ни останува… а здравјето е сепак најважно“.

– Ѓоле кажа дека ќе донесе лекарско уверение ако има потреба, а јас се сомневам дека вие некогаш ќе му го побарате, порача Беба Балашевиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.