Фолк пејачката Весна Змијанац има завидна кариера која трае веќе со децении, а во јавноста малку е познато дека своите први чекори во светот на музиката ги направила уште од раното детство.

Се сеќавам дека на мои седум години и пеев на децата од маало и одржував концерти кои долго траеа. Тие мои први настапи ги завршував театрално и секогаш на публиката и фрлав некое парче облека, рекла Весна.

Пејачката отсекогаш се издвојувала од останатите колешки, а и денес има јасен став по тоа прашање.

Отсекогаш сум била смела, а тогаш и имав со што да се пофалам. Кога денес би направила такво нешто, би било смешно. Тоа време го одбележаа моите стајлинзи кои се неповторливи и никогаш нема да излезат од мода. Некои од тие парчиња ги чувам, а некои поелегантни фустани ги зеде Николија. Не ми пречи кога пејачките се соблекуваат, но мора да се знае зошто и кога го прават тоа. Голотијата мора да има смисла, додала Змијанац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.