Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска неодамна откри дека по долго време повторно е заљубена и не е „сингл“. Но деталите не ги откриваше, од причина, како што самата рече, да не ја урочат. Сепак актерката се предомисли – на инстаграм сподели фотографија со својот сакан Зоран Ацидовски.
Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат – изјави актерката пред некое време.
Зошто го објави идентитетот на љубениот и покрај стравот од уроци не се знае. Дали Весна Бејби била на бајачка против уроци или пак едноставно љубовта е премногу силна…
Или можеби конечно македонскиот шоумен Игор Џамбазов го одобри партнерот на својата колешка. Пред месец дена Весна изјави:
Џамбазов ми се јави пред некој. И ми вика: Ааааааа не си го донела на одобрување. Сега ќе му го однесам на одобрување и ќе видиме што ќе каже. Којзнае што ќе му каже, обично ги преплашува луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.