Сања Ристиќ, која го отпеа легендарниот детски хит „Ех, тој Тоше“, а сега и позната инфлуенсерка меѓу мајките, сподели свое искуство на „Фејсбук“ за коронавирусот во нејзиното семејство.
А исто може и сабајле да направите тест во Жан Митрев и за два часа да ви се јават дека сте позитивни, па со оглед дека сте со срцева маана да излетате во Авицена и да молите за итен тест од брис и од крв кои се НЕГАТИВНИ, па да земете уште два мобилни тестови за преку крв дома и да се исто НЕГАТИВНИ и тоа без антитела (значи никогаш не сте ни имале Корона вирус) а вие да се водите како позитивен случај, без секако никаков симптом!
На жалба на лицето во СЗО и во полиција добивате одговор дека „се водите како позитивен и дека таа е процедурата, мора самоизолација 14 дена”, а дека останатите тестови можно е да се „лажно негативни”, ама првиот е точно позитивен (овде секако сфаќате колку е работата сериозна). Притоа целото семејство, сите со кое лицето имало контакт (меѓу кои и јас и моите најблиски), сме исто така негативни.
Не ја разбирам оваа преврантска работа со тестовите, ама верувам длбоко дека сите одговорни сте свесни за нивната релевантност, дека ние не сме единствен ваков случај, и што е најлошо ништо не превземате!!!
Ако ни е бројката вака сигурна за сите „новозаразени” алал вера на паранојата!
На крај вистината е дека ние ПОЈМА НЕМАМЕ колку ни се реално заразени во државата бидејќи тестовите се 50-50 точност, или ќе погодат или не…
200 пати се предомислив последниов период дали да го напишам статусов ама сериозно ова не е фер! Срамота е и е на штета на психичкото здравје пред се и целиот стрес што го искркавме!
И да, верувам дека постои вирусот, верувам дека треба да се почитуваат мерки и за нас и за загрозените околу нас и верувам дека има заразени во критична состојба, но НЕ верувам ни од блиску на бројката што се пласира!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.