На социјалните мрежи изминатите денови, по повод почетокот на учебната година, многу мајки сподели фотографии од своите деца првачиња, прославувајќи го тој момент на креативни начини. Торти, балони, фотосесии…
Македонската водителка Снеже Велков која има два сина, едниот 4-то, а другиот 9-то одделение, спротивно на сите „хејтери“ на ваквите фотографии, сподели емотивна порака до сите мајки:
„Еј ти мајко на прваче
Ако се фалиш мила.
Ако направи торта и ако објави секаде дека имаш учениче дома. Акo мила. И ако се расплака кога му ги облекуваше пантолончињата за во школо. Ако.
Само ти си знаеш мајко колку ноќи не си спиена ,само ти си знаеш мајко колку денови си бдеела над тоа мало човече и колку држењето за раче ти било најубава мисија…
И нека зборат мајко Аман овие мајките со децата…Аман..
Денес мајко го пушташ од раче…Тоа раче денес ќе треба да научи да крева два прста кога ќе го знае точниот одговор.Тоа раче денес ќе треба да научи да држи молив во рака и да пишува букви и бројки…тоа раче од денес ќе треба да научи со него да понуди помош на другарчето…Тоа раче денес ќе научи да не удира секогаш кога ќе се налути…
Тоа раче еден ден ќе стане рака чиј цврст стисок ќе ја покаже сигурноста на бизнисменот,тоа раче еден ден ќе биде рака на докторка која ќе држи стетоскоп,тие прстиња еден ден ќе бидат прсти на програмер,таа дланка еден ден ќе ги шутира најдобрите кошеви…
Но не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните…
Дека ако го искара учителката нема мама да дојде и да ја искара учителката
Дека ако некое девојче ја искубе нема мама да дојде и да му возврати со иста мера
Дека ако не научи да пишува и чита добро нема да дојде мама и да и каже на учителката да и стави петка.
Дека тоа што му се спие не е изговор да не оди во школо…
Дека ако денес не стигнал прв на трката не значи дека утре не треба да трча туку дека мора да трча побрзо…
Научи го мајко на почитување на правилата,на дисциплина,на почитување на авторитет научи го мајко на прифаќање пораз и борба сам за себе …
Некогаш мајко работите колку и да се тешки за гледање мора да се посматраат од страна…
Првачето мајко денес влегува во суровиот свет на реалноста…од тебе мајко зависи дали ќе му дозволиш да стане борец и победник или зависен и несигурен.
Среќен почеток Мајки на победници!, напиша Снеже на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.