Вељко, синот на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, откри за српските медиуми како успева во улогата на тато.

Младиот Ражнатовиќ вели дека е запознаен со родителството, со оглед дека пораснал во едно големо семејство, а и колку многу му помага неговата мајка во сето ова и дека ужива во новата титула на баба.

Лидија, тетка ми, има четири деца, сите се помлади од мене, особено двете близначиња, така што јас сум запознаен со сите работи што се прават за бебето. Сите оние кои немаат деца ќе видат кога ќе имаат, некако тоа е само твое, твојата кифла … чекаш да го направиш сето тоа, не може да се спореди со ништо.

Не можеме да земеме детето од рацете на мајка ми, одлична е во улогата на баба, онолку колку што ми рече дека не сака да биде баба, не мислам дека можеше да добие подобар подарок, всушност сум целосно сигурен дека тоа е нејзиното мислење – додаде младиот Ражнатовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.