Синот на Светлата и Жељко Ражнатовиќ, Вељко и сопругата Богдана неодамна го добија својот син Жељко, направија голема веселба по повод раѓањето на наследникот, а после истата веселба бабата Цеца и Вељко останаа во изолација поради позитивните тестови кои им беа направени. После второто тестирање резултатот на Вељко беше негативен па веднаш побрза да се види со неговата сопруга.

Кратко време траеше оваа средба со оглед на тоа што Вељко пред само неколку дена замина во камп каде што ќе се задржи цели 8 недели, поради обврски со кариерата. Со оглед на тоа што Богдана остана сама, папараците решија да тргнат во лов и да ја следат убавата тазе мајка.

Она што камерата го забележa е дека таа изгледа неверојатно и после самото породување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.