Свадбата на Вељко и Богдана Ражнатовиќ и понатаму е број еден тема во регионот. По веселбата, младенците ги отворале сведбените подароци, а како што од извори блиски на семсјтвото дознаваат српските медиуми, гостите најмногу носеле коверти, но имало и доста вредни подароци.

„Телеграф“ пренесува дека од 480 гости присутни на свадбата, Вељко и Богдана добиле вкупно 100 илјади евра.

Младите по свадбата беа пресреќни што се помина како што треба и како што замислија. Кога на ред дојде отворањето на ковертите, ја повикаа и Цеца која заедно со нив ги броеше парите. Во ковертите најмногу имаше од 500 до 1.000 евра, а во некои и 2.000, вели извор близок на семејството Ражнатовиќ и додава дека младите воопшто не се надевале на таа цифра.

Самата свадба, наводно, коштала 120 илјади евра, но била целосно покриена од родителите на младенците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.