Вељко Ражнатовиќ го разби Хрватот Петар Мрваљ во крузер категоријата. Борбата траеше само 90 секунди по што Петар беше патосиран. Вељко удираше десни кроше удари за кои Хрватот немаше одбрана.

По борбата Вељко им се заблабодари на девојката Богдана, сестрата Анастасија и мајката Цеца, кои го бодреа во салата, но не го заборави и покојниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Досега Цеца не присуствувала на натпреварите на Вељко, зашто тоа било премногу стресно за неа како мајка. Овојпат Вељко успеал да ја наговори да дојде.
За тоа зошто му се внел в лице на 26-годишниот Хрват Петар Мрваљ, младиот Ранатовиќ одоговорил дека тоа е шоу бизнис.
А и треба да се тепаме денеска, со смеење одговара Вељко, кому му годи медиумската популарност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.