Газдата на скопскиот кафе-бар „Мош“, Методија Динев (41), се сврши за неговата девојка Стефанија (28), која докторка од Штип, пишува порталот „ММС“. Вестите за свршувачката беа споделени на инстаграм-стори од страна на сестрата на Стефанија, манекенката Марија, пишува порталот.
Претходно ноќва од страна на полициски службеници, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“, лицето М.Д. (41) од Скопје, беше приведено и задржано во ПС Центар.
Како што сооптшија од МВР, лицето е приведено поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија – казниво по член 206, став 2 од КЗ.
Лицето М.Д., како што соопшти владината прес-служба, не го применувал протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана и протоколот за отворање на кафетерии, како и здравствените прописи за време на епидемија. Конкретно, организирал музички настан – концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.
Претходната вечер (03.10), поврзано со истиот угостителски објект, на барање и во координација со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), полициски службеници во 19:30 часот, беа во ланч барот „Мош“ при што на одговорното лице М.Д. од страна на пазарните инспектори му беше укажано да ги почитува мерките од Уредбата на Владата во врска со пандемијата на Ковид-19, особено по однос на задолжителното физичко растојание на масите и носењето заштитни маски, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.