Македонскиот претставник на годинешното издание на Евровизија, Васил Гарванлиев, непосредно пред настапот, за британскиот магазин „Attitude“ за првпат прозборе јавно за својата сексуалност, изјавувајќи дека да се биде геј е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека тешко зборува на таа тема.
Во гостување, пак, во емисијата на „Репортер.мк“, Васил отворено зборува за своите импресии од Евровизија, за рекациите, поддршката и за својата сексуалност.
Мислам дека бев во пубертет кога сфатив кој сум. Тогаш ѝ напишав писмо на мајка ми, а таа откако го прочита ми рече: „Знаев и пред да ми кажеш. Биди среќен, тоа ми е најважно“. Ми олесна што ѝ кажав и што таа ме израсна со многу љубов. Верувам во љубов, тоа е мојата Ахилова пета. Тоа е и мојата порака за младите: Најди личност на која ќе ѝ веруваш, и сподели. Вистината боли, но ти дозволува да живееше мирно – “, вели Гарванлиев во интервјуто.
Целото интервју на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.