Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ деновиве повторно го угостиле познатиот актер Жан Клод ван Дам во својот дом во Виена. Пејачката објави заедничка фотографија на Инстаграм, со опис „Нашиот драг пријател“. Се гледа дека уживаат во дружбата и во традиционалното српско мезе – шунка, сланина, разни видови сирења, маслинки, печиво…
Ван Дам е семеен пријател на Драгана, редовно се слушаат на телефон, а актерот често ги посетува во Виена. Се запознале преку заеднички пријател од модната индустрија и медиумите.
Драгана има само пофални зборови за актерот, вели дека е многу љубезен, духовит, културен и дружељубив, а Тони, кого го сака како брат, нагалено го вика „српски брат“, а Драгана, пак, „лејди Драгана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.