Душко Тошиќ прави се неговата сопруга Јелена Карлеуша што порано да се крене после смртта на мајка и, па решил да ја запосли со средување на нивната вила.
Фудбалерот на кинескиот Гуанжу решил во новата куќа која ја купи од тренерот Драган Стојковиќ Пикси, на Дедиње да вложи и до милион евра во реновирањето. Спортистот поради обврските кон клубот неодамна се врати во Кина, а бидејќи пејачката извесен период нема да настапува, туку само ќе се појавува во Ѕвездите на Гранд и ќе се грижи за ќерките, тој и сугерирал да се позанимава со средување на новиот дом.
Куќата е во одлична состојба. Меѓутоа, во вилата долго време никој не живее, а Јелена сака се да уреди по свој вкус. Затоа Душко одлучи да не ги штеди своите евра, па во нивниот дом ќе биде уредно се по најновата мода. Во вилата има четири огромни бањи, па секој ќе си има своја бања. Само плочките и санитаријата ќе чинат околу 100 000 евра – вели извор близок до Карлеуша.
Тој додава дека наследничките Атина и Ника ќе имаат посебни соби со тераси и бања, а зад куќата ќе биде изграден базен.
Собите за децата ќе бидат уредени по желба на девојчињата, со мотиви од нивните омилени цртани филмови. Јелена и Душко беа воодушевени и ќе им направат вистинска оаза. Исто така има соби и за послугата, како и три гостински соби. На Јелена најмногу и е жал што нејзината мајка не доживеа да види како ќе уреди бидејќи Дивна беше воодушевена од вилата. Ќе има и соба за мајката на Душко и тетката на Јелена, кои секогаш се добредојдени.Меѓутоа, најважен дел во целата куќа е собата за гардеробата на Јелена која ќе чини околу 50 000 евра – вели изворот.
Карлеуша уште претходната година најави дека ќе се пресели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.