Северина на загрепската премиера на филмот „Последниот Србин во Хрватска“ привлекувала погледи во розов фустан, но на социјалните мрежи во центарот на вниманието било нејзиното лице.
Пејачката на премиерата дошла со сопругот, кој исто така има мала улога во филмот, а за
хрватските медиуми открила што се’ ја воодушевило. Но, 46. годишната пејачка загрижила
со својот изглед па многумина коментирале дека ниту малку не изгледа како на
фотографиите кои ги објавува на Инстаграм.
Изгледот на лицето на пејачката, која никогаш не зборувала за своите пластични операции, освен дека го оперирала носот поради, како што рекла, девијации на септумот, предизвикала расправа на социјалните мрежи. И’ додека едни тврдат дека се „изобличила поради ботоксот“, други ја бранат наведувајќи, што е на сите неизбежно,дека едноставно остарела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.