Огњен Врањеш, кој популарноста ја стекна после врската со Катарина Грујиќ, а овие денови и со аферата со Јелена Карлеуша, се уште е во Белгија, иако се пишуваше дека овие денови ќе пристигне во Србија. И не престанува со провоцирање. Така иако Јелена апелираше да и ги остават децата на мира, и нив да не ги вовлекуваат во овој скандал, Врањеш не се обѕира на тоа.

Тој повторно се огласи и соопшти дека своевремено ја запознал и мајка и на Јелена, Дивна.

Не сакам сега да зборувам за Јелена. Се што имав, кажав во соопштението кое го ставив на мојот Инстаграм, тоа е вистината. Можам само да потврдам дека ги запознав нејзините ќерки, ги сретнував во минување. Дивна ја запознав во Атина, кога Јелена доаѓаше кај мене – рекол тој и додал: Искрено, мака ми е од сѐ!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.